Запрашан во однос на извештајот кој што го објави ДЗС за зголемениот промет на услуги, премиерот Христијан Мицкоски рече дека токму тие параметри и индикатори покажуваат дека конечно почуваме да се развиваме.
-Тоа е уште еден од низата параметри, индикатори кои што велат дека конечно започнуваме да се развиваме и тоа е причината, сите оние центри на моќ кои што не им одговара Македонија да биде повторно водечка во економијата, во мирот во стабилноста, во меѓуетничките и во регионот да предизвикуваат, да го прават тоа што го прават изминативе денови, изјави Мицкоски.
Во делот на услугите имаме пораст од 3.5% во вториот квартал, додаде премиерот
-Во вториот квартал имаме пораст во делот на услугите за 3.5%, но она што е за мене исклучително важно и охрабрувачки е што во првите седум месеци од јануари до јули во делот на туризмот имаме за 10%, за 10,5% повеќе туристи споредено со истиот период минатат година и очекувам та бројка до крајот на годината да биде и до 15%, што ќе биде најголем рас во Регионот, додаде Мицкоски и продолжи:
„Истовремено во првите 7 месеци бројот на странски туристи и гости кои што ја користат Македонија како место за одмор е зголемен за 15% споредено со истиот период минатата година и очекувам до крајот на годината да биде околу 25%. Сите овие индикатори ги загрижуват овие центри на моќ кои што не сакаат оваа Влада да успее, кои што не сакаат Македонија да биде стабилна, мирна, просперитетна и тие се обидуваат со ваков тип на лешинарење и подметнување на функционираат, но ние ќе се бориме и ќе победиме“.