Нема никаква политичка агенда во намалување на прагот на репрезентивноста на синдикатите, туку тоа е резултат од разговорот на последната средба со сите синдикати, изјави денеска премиерот, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, зошто со законски измени се намалува условот за репрезентативност на синдикатите.
-Тоа беше резултат од разговорот од последниот пат кога бевме со сите синдикати, заедно дека имаме два синдикати реално во Македонија, коишто се на терен и тие два синдиката за да нема кој е внатре, кој не е внатре, па за да нема кој има резпрезентативност, кој нема, сите да бидат во рамките на Економско-социјалниот совет и да има еден дијалог, којшто таму ќе се случува внатре. Така што тоа не е нешто коешто е некаква политичка агенда, изјави Мицкоски.
До македонското Собрание доставен е предлог од досегашните дест отсото од вкупниот број на вработени во земјава, на синдикалните здруженија во иднина ќе им биде доволно само пет отсто од вкупниот број на вработени. Група на пратеници веќе ги имаат доставено предлог измените во Законот за работни односи.