Вчера го слушам Артан Груби како го поставува условот за поддршка на ДУИ за вториот круг од претседателските избори. Ајде што го пуштија Бујар Османи низ вода туку и јавно порачаа ДУИ дека условот е прифаќање на промена на Уставот со цел избор на претседател на државата во Собрание, по теркот на Али Ахмети“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.
Мицкоски продолжи и истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека ова не е прифатливо, главното прашање е кој е ставот на измеќарот Стево Пендаровски за овој услов на ДУИ и Али Ахмети.
„Излегоа утрово од неговиот кабинет срамежливо да кажат дека подобро би било да се избира на непосредни избори. Стево, продолжуваш да бидеш аналитичар, а сакаш да имаш уште 5 години како претседател. Излези, еве имаш можност, денес, утре на некој од оние полупразни настани и кажи дали за тебе е прифатливо во иднина да се промени Уставот и претседателот на Македонија да се избира во Собранието, а не непосредни избори како што се правеше досега. Дали сакаш да го суспендираш народниот глас, суверенот во Македонија и сакаш да дозволиш таму некаде во некоја канцеларија во Зајас да се кори судбината и иднината на Македонија“, истакна Мицкоски.
„Пендаровски одговарајќи на едно од наместените прашања вели дека за 5 години, решил илјадници проблеми и вчера во Карпош поставив оваквко прашање и денеска овде во Центар. Не мора да каже 1000, ниту 100, ниту 10, нека каже еден проблем кој Стево Пендаровски го решил, еден проблем еве нека каже и веднаш сум подготвен на јавна сцена да му кажам алал вера нека ти е тебе Стево и понатаму но овој пат во опозиција“, кажа Мицкоски.
Тој истакна дека денес е точно 11 ден од кампањата, а ниту Ковачевски ниту Пендаровски не кажале ниту еден збор ниту една критика за ДУИ.
„И не е изборот како што Ковачевски и Пендаровски велат помеѓу ЕУ и назадување, туку меѓу бандата составена од Артан, Али, Ковачевски и Зечевиќ од една страна и Македонија од друга. Понудата на Пендаровски се навреди вo некаков балкански мачо стил преполн со примитивизми. Па во обид Пендаровски да се испере демек не напаѓал жени кажува вели од 10 луѓе во кабинетот во неговиот кабинет вели дека дури 52% биле жени. Ја разбирам дека како политичар не го бива ама и што статистиката и математиката му се слаба страна вака на отворена сцена тоа што го направи не можев да поверувам дека до толку не знае. Совршено е јасно на овие избори дека гласот за Стево Пендаровски е глас за ДУИ, Али и Артан. Гласот за Пендаровски е глас за тврдењето дека Гоце Делчев бил Бугарин. Гласот за Стево е глас за претседател кој ја води најкорумпираната држава во Европа со најсиромашното население во Европа. Гласот за Стево Пендаровски е глас за претседател кој нема став и нема свое јас“, дециден е Мицкоски.