Македонија Квалитетно здравство

Мицкоски најави 600 нови вработувања на приватни специјализанти

Министерството за здравство ќе ги утврди критериумите за ангажирање на овој кадар.

Мицкоски најави 600 нови вработувања на приватни специјализанти

30 дена работиме посветено и одговорно кон граѓаните. Продолжуваме фуриозно да ги решаваме насобраните проблеми и тоа онаму каде што е најтешко, онаму каде што граѓаните најмногу се жалат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Штотуку на седницата на Влада, усвоивме информација за 600 нови вработувања на приватни специјализанти за потребите на Јавните здравствени установи. Шанса за младите доктори, помалку гужви во болниците, поголема грижа за пациентитe, знаење и конкуренција во здравството, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Министерството за здравство ќе ги утврди критериумите за ангажирање на овој кадар.

-Продолжуваме да работиме за граѓаните. Квалитетно здравство, за тебе, порача премиерот.

To top