Македонија Радовиш

Мицкоски: Македонија се крадеше, а сега имаме поинаква Влада, поинаква амбиција

Објектот кој триесет години стоеше запуштен и занемарен, нем сведок на транзицијата, сега повторно ќе биде ставен во функција. Радовиш ќе добие современ мултифункционален центар и музеј.

Мицкоски: Македонија се крадеше, а сега имаме поинаква Влада, поинаква амбиција

„Би сакал да им честитам на граѓаните на Радовиш. Сите овие проекти, нека си ги користат со задоволство. Има уште проекти, тука нема да застанеме, знам дека ниту како општина, ниту како Влада. Многу како Влада, во изминатиот период, инвестираме во Радовиш, и ќе продолжиме да инвестираме во Радовиш, изјави Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски по повод реконструкција и пренамена на стоковната куќа во Радовиш.

-Проектите ги кажа градоначалникот. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на градоначалникот, на ресорните министри коишто се со мене, како и на пратеничката, на администрацијата на Општина Радовиш, на советниците, на сите што заеднички работат и придонесуваат овие проекти да бидат готови, за да можеме ние како Влада да ги финансираме, изјави Мицкоски.

„Јас само посакувам овие проекти побргу да бидат завршени, за да можат радовишани да ги користат.

Како Влада, продолжуваме да градиме, затоа што тоа е нашата инспирација и цел. Македонија мора да се гради.

Јас знам дека граѓаните имаат лоши спомени од минатото, чувствуваат гнев. Затоа што наместо да се гради, Македонија се крадеше. Сега имаме поинаква Влада, поинаква амбиција. И со таа посветеност продолжуваме да работиме. Честитки, и нека се множат уште повеќе успешни проекти“, изјави премиерот Мицкоски.

Објектот кој триесет години стоеше запуштен и занемарен, нем сведок на транзицијата, сега повторно ќе биде ставен во функција. Вкупната сума за реализација на проектот за реконструкција и пренамена на стоковната куќа во Радовиш е 223.075.612,81 денари.

Најнови вести од Македонија

To top