„Би сакал да ги поздравам претставниците на медиумите, да се заблагодарам што цело време сте со нас, што нè следите, што не пратите додека Македонија се гради, и тоа е добро. Добро е бидејќи 7 години Македонија се разградуваше и се уништуваше, се понижуваше, омаловажуваше. Нешто што сега е поинакво, и тоа е добро“, истакна премиерот Христијан Мицкоски денес од Ѓорче Петров.
Тој изврши увид во градежните работи на проектот за продолжување на ул. Социјалистичка Зора и спој со ул. Сремски Фронт (во близина на болницата „Санте Плус“) во Општина Ѓорче Петров.
-Да им честитам на луѓето коишто ќе го користат овој проект. Да му честитам на градоначалникот, на членовите на Владата, на министрите, на советниците, на пратениците, на луѓето коишто се од овој дел на општина Ѓорче Петров. И да посакам нормално како што е редот уште, многу вакви проекти коишто ќе значат поквалитетен, поубав живот за граѓаните насекаде, на целата територија на државата. Така што еве уште еднаш, со среќа нека е и побргу да го реализираме и да го користиме овој проект, посочи премиерот.