Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје (зграда МРТВ).
Вкупната вредност на проектот (приземје + 1 кат) опфаќа 2.300 метри квадратни, односно 48.000.000 денари.
Завршена е прва фаза на проектот, реконструкција на најголемиот дел од приземјето од 1.300 метри квадратни.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.