Македонија

Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на објектот Дом на култура со спортска сала во село Дреново, Општина Кавадарци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Кавадарци, информираат од Владата на Република Македонија.

Во 13:00 часот, претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на објект – Дом на култура со спортска сала во село Дреново, проект во вредност од 25.000.000 денари.

Во 13:40 часот ќе изврши увид на градежни активности на објектот „Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост“.

Во 14:15 часот ќе го посета ОВР Кавадарци и презентација на проектот Safe city.

Safe city е инвестиција на општината со меморандум со Министерството за внатрешни работи со кои ќе се овозможи на МВР да ги гледаат вкупно 220 камери на општината.

Проектот е почнат од 2019 година, направен со општински средства, а до сега се вложени 13.000.000 денари. Секоја година Safe city се дополнува со камери и софтвер.

Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски по презентација на проектот Safe cit, велат од Владата.

Најнови вести од Македонија

To top