Македонија

Мицкоски: Ќе го вратиме достоинството на граѓаните и ќе се бориме за посилна економија!

Мицкоски: Ќе го вратиме достоинството на граѓаните и ќе се бориме за посилна економија!

Најглавната задача на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде економска обнова и борба за повисок животен стандард на граѓаните, вели Христијан Мицкоски во интервјуто за Магазинот за туризам и менаџмент.

Мицкоски истакна дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да влијае на зголемувањето на економската моќ на граѓаните.

За таа цел, мора да се влијае на зголемувањето на економската моќ на граѓаните, мора да е работи на повисоки примања. Она што сега им го прави власта на пензионерите е недостоинствено, а тие најдобро ги чувствуваат последиците од лошото владеење и од падот на економијата. Во периодот од 2017 до 2023 година растот на БДП на жител во Македонија е само 20%, кај сите други држави од регионот е 50%, а некаде и над тоа. Додека Македонија има раст од 20%, во Србија растот е 50%. За истиот период, во Бугарија БДП на жител се зголемил 64%. Во Албанија, во периодот од 2017 до 2022 година БДП на жител пораснал 52%. Власта лажеше дека инфлацијата е увезена, а сведоци сме дека имаме 50% поголема инфлација од еврозоната, рече тој.

Претседателот Мицкоски нагласи дека во делот на економијата владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира низа на проекти кои ќе го вратат достоинството на граѓаните.

По промената на власта, најмногу ќе работиме во делот на економијата и планираме сериозно да интервенираме во данокот на добивка и тоа за секоја компанија, без разлика дали е домашна или странска. Можеби, компанија што ќе дојде од Европа и од светот, која својот профитен центар или седиште ќе го донесе во Македонија, за деклариран профит до 20 милиони евра, данокот ќе остане ист, 10%, нормално, ако е реинвестиран 0%. Ако пријави профит околу 20 и 30 милиони евра, данокот ќе биде 8%, од 30 до 50 милиони евра ќе биде 6%, а над 50 милиони евра данокот ќе биде 5%, со што Македонија ќе се профилира како држава со најнизок данок на профит. За пензионерите ќе ги зголемиме пензиите линеарно за 5.000 денари. Ветуваме дека ќе го вратиме достоинството на оваа категорија на граѓани и ќе се бориме секој граѓанин да има повисоки примања, дециден е Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top