Македонија значајна ставка

Мицкоски: Инвестициите во образованието меѓу приоритетите на Владата- се градат 7 училишта, се реконструираат образовни установи

Мицкоски: Инвестициите во образованието меѓу приоритетите на Владата- се градат 7 училишта, се реконструираат образовни установи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека инвестициите во образованието се меѓу главните приоритети на Владата. Во моментов, како што кажа, се градат седум училилишта, а во тек е и реконструкција на неколку образовни установи.

– Инвестициите во образованието за нас претставуваат значајна ставка. Пред неколку дена имав состанок со министерката за образование. Ќе направиме ревалуација на проектите поврзани со зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК. Очекувам оваа година да биде распишан тој тендер, како и оној за кампусот „Мајка Тереза“, рече премиерот.

Мицкоски уште истакна дека пратеникот Александар Велјаноски од Тетово го информирал за подготвеност на општествено одговорна компанија да ја финансира реконструкцијата на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

– Набргу таа донација ќе биде ставена на дневен ред на Советот на Општина тетово, и на тој начин ќе биде исправена уште една неправда, рече Мицкоски.

To top