Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за здравство Арбен Таравари денеска (12:00) ќе ја посетат ЈЗУ Универзитетската Клиниката за дигестивна хирургија Скопје, соопшти владината прес-служба.
Воедно, ќе биде отворено комплетно реновираното одделение за дигестивна хирургија кое започна со реконструкција пред 30 дена во вредност од околу 700.000 евра, донација од Јапонската амбасада и подразбира набавка на нови кревети, плакари, врати и осветлување.
Исто така, преку Министерството за здравство годинава е набавена апаратура во вредност од 1.000.000 евра за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст.
Од владината прес-служба посочуваат дека е предидено Мицкоски и Таравари на настанот да дадат изјави за медиумите.