Македонија најавена офанзива и во патната инфраструктура

Мицкоски до Нова година очекува потпишување договор за гасниот интерконектор со Грција

Премиерот смета дека до крајот на годината ќе биде завршена и првата секција од пругата Куманово – Бељаковце од Корисоеорт 8. Кај Бељаковце – Крива Паланка, истакна, ќе има доцнење и ќе треба да се види што ќе се прави со изведувачите, но добро е што конечно има желба кај источниот сосед да се заврши заедничкиот тунел, поврзувањето со националната пруга на Бугарија, со што, дополни, ќе стенеме и патен, транспротен и железнички коридор.

Мицкоски до Нова година очекува потпишување договор за гасниот интерконектор со Грција

До 20 ноември завршува тендерирањето за гасниот интерконектор со Грција. Очекувам до Нова година да се потпише договор и тој интерконектор да се заврши и веќе да работиме на северниот интерконектор со Србија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во МАСИТ, Мицкоски истакна дека може да се очекува офанзива и во однос на патната инфраструктура. До крајот на годината, најави, ќе биде готов експресниот пат што ги поврзува Чатал и Страцин, Крива Паланка, кој е дел од Коридорот 8 и почнува проектирањето за делницата Куманово – Чатал.

Премиерот смета дека до крајот на годината ќе биде завршена и првата секција од пругата Куманово – Бељаковце од Корисоеорт 8. Кај Бељаковце – Крива Паланка, истакна, ќе има доцнење и ќе треба да се види што ќе се прави со изведувачите, но добро е што конечно има желба кај источниот сосед да се заврши заедничкиот тунел, поврзувањето со националната пруга на Бугарија, со што, дополни, ќе стенеме и патен, транспротен и железнички коридор.

Се работи, напомена, на сите страни, а почна и реализацијата на проектите преку општините каде има преку 2,1 – 2,2 милијарди денари за патна инфраструктура – булевари, улици,…

-Затекнавме летаргична, целосна недисциплина во делот на капиталните инвестиции кај патната инфраструктура. Но, се работи секојдневно, и во доцните ноќни часови. Имаме амбициозна агенда. Делот од Коридорот 8 што ги поврзува Кичево и Охрид по седумгодишна летаргија и страгнирање, не само што е откочен, туку се асфалтирани и 12-на километри од едната страна на коловозот. Очекувам до почетокот на новата туристичка сезона делот од Арбиново до Охрид да биде пуштен, со исклучок на неколку километри во селото Ботун зашто таму има свлечиште кое трееба да биде санирано. Исто така очекувам до крајот на 2026 година, како што ветивме, целосно да се поврземе од Кичево до Охрид. Почнаа теренските активности и избравме да работиме, а не да водиме политика во делот на Коридорот 8, патно поврзување меѓу Гостивар и Букојчани. Отворен е фронт од 12 – 16 километри, решени се имотно-правни односи, расчистена е трасата и се работи на терен. И на патниот правец од Коридорот 10 што ги поврзува Прилеп и Битола има отворен фронт од 10 километри. Потегот Градско – Фалиш до Нова година ќе биде пуштен, на потегот Дреново – Фалиш има карпа што треба да се отстрани и тука ќе има задоцнување до март- април, но очекувам и тој потег да биде завршен. Имаме задвижување и реализација на капитални проекти кои не биле досега реализирани, подвлече Мицкоски.

Во однос на општините, премиерот очекува до 15 ноември да се потпишат договорите, а со новиот повик во фервуари – март да има уште неколку милијарди инвестиции за патната инфраструктура.

Најнови вести од Македонија

To top