Македонија

Мицкоски до Ковачевски: Не бидете нервозен, нема потреба од тоа

Мицкоски до Ковачевски: Не бидете нервозен, нема потреба од тоа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот „Дуел за Македонија“ на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, му порача на Димитар Ковачевски да не биде нервозен, бидејќи нема потреба од тоа, откако Ковачевски видно нервозен избега од сопствената теза дека биле фалсификувани потписите за Силјановска Давкова.

Мицкоски потсети дека Ковачевски беше тој кој тоа го тврдеше, на што запраша дали се уште си стои на зборот, на што Ковачевски видно нервозен не сакаше да одговори, воедно уште поголема нервозата стана кога Мицкоски потсети дека само Пендаровски одбрал да изгуби претставувајќи го Ковачевски.

– Кога ќе биде господинот Таки Фити претседателски кандидат тогаш ќе го кажуваме неговото мислење од страна на Ковачевски. Знаете ли која е разликата помеѓу Фити и Пендаровски? Тоа што Фити, за разлика од Пендаровски не е подготвен да губи на избори кога го претставува Ковачевски. Тоа е разликата. Ние споредуваме тоа што го имаме како понуда, од страна на Ковачевски е Пендаровски, а ние велиме за Силјановска Давкова, рече Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top