Македонија шанса за радев

Мицкоски: Бугарија има шанса да докаже дека внесувањето на Бугарите во Уставот е единственото барање

 -Затоа јас реков добро, ако е само тој услов, еве пред да дојдеме до тој услов да го исполниме, заеднички, преку бугарскиоте европратеници да предложиме резолуција со којашто заедно како соседи ќе го потврдиме македонскиот посебен идентитет, македонскиот посебен јазик, а потоа во знак на добра волја, бугарската држава да ги примени пресудите од Стразбур коишто се однесуваат на човековите права, а им се ускратени на Македонците во Бугарија, да ја регистрира ОМО Илинден ПИРИН, со цел тие да можат да предложат свој претставник во министерскиот совет за заштита на малцинските права во Бугарија, истакна Мицкоски.

Мицкоски: Бугарија има шанса да докаже дека внесувањето на Бугарите во Уставот е единственото барање

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, во која ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, би било пример двете држави да покажат што значи добри соседи и меѓусебна поддршка.

Не одговори дали од официјална Софија има одговор на неговиот предлог за заедничка резолуција, но посочи дека тоа што го предложил е „одговор на темата што ја отворил бугарскиот претседател  Румен Радев“ и неговата изјава дека единствен услов бил само промена на Уставот и вклучување на македонски граѓани кои се изјаснуваат како припадници на бугарската заедница.

-Затоа јас реков – во ред, ако е само тој услов, еве, пред да дојдеме до тој услов да го исполниме, заеднички, преку бугарските европратеници да предложиме резолуција со којашто заедно, како соседи, ќе го потврдиме македонскиот посебен идентитет, македонскиот посебен јазик. А потоа, во знак на добра волја, бугарската држава да ги примени пресудите од Стразбур, кои се однесуваат на човековите права што им се ускратени на Македонците во Бугарија, да ја регистрира конечно „ОМО Илинден Пирин’, за да може „ОМО Илинден Пирин“ да предложи свој претставник во Министерскиот совет за заштита на малцинските права во Бугарија. Еве, заедно ова да го направиме, како добри соседи. Ние нашата обврска, тие нивната обврска, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Тетово.

Според премиерот, тоа е начинот „да покажеме што значи добри соседи и што значи да се поддржуваме“.

Додаде дека тоа „впрочем е дел и од Договорот за добрососедство потпишан од Заев и Борисов  во август 2017 година“.

To top