Македонија

Мицкоски: Бранителите ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка. Овој закон којшто вчера беше на дневен ред е поднесен од пратеничката Славјанка Петровска, односно СДСМ и она што е интересно кога се гласаше потребата за носење на дневниот ред, СДСМ ја напушти седницата, затоа што самата пратеничка и СДСМ не го поднесуваат законот затоа што мислат добро на бранителите, туку го поднесуваат за да создадат повторно етнички тензии, етничка нетрпеливост…, бидејќи таа ќе е картата на која што и тие и другите опозициски партии без разлика дали се од македонскиот блок или од албанскиот ќе играат во периодот којшто следи, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за предлог-законот за бранители поднесен во Собранието.

-Мојот совет на граѓаните е да не наседнуваат на ова затоа што состојбата е стабилна. Конечно почнуваме да се развиваме, расте индустриското производство, расте преработувачката индустрија, инфлацијата се намалува, инвестициите започнуваат, инвестицискиот циклус, растат пензиите, се враќаат субвенциите на земјоделците, сето она кое што е потребно за да се развиваме како држава се случува. Затоа молам овие теми коишто се реални теми да не создаваат етнички конфликти и етнички поделби. Тоа е целта. Ова ќе биде политиката. Тие не знаат како да ја кренат економијата или да дадат предлог, тие не знаат како да изградат, тие не знаат како да направат нешто добро, но се мајстори за создавање на вакви тензии. Тоа е суштината и тоа ќе се случува во периодот, но ние сме држава – ќе се браниме и ќе ги одбраниме граѓаните и безбедноста на Македонија, вели Мицкоски.

Во одговор на прашањето дали се согласува со изјавите од „Вреди“ дека ако треба да помине овој закон, истите привилегии ќе мора да ги имаат и поранешните припадници на ОНА, и дека овој закон е напишан во Речица, но предложен од СДСМ, Мицкоски повтори дека бранителите ќе ја имаат неговата поддршка.

– Речица и „Бихаќка“ имаа седум години можност да разговараат на овие теми. Јас ви кажав која е целта и повторно сакам да алудирам дека тоа ќе е начинот како ќе функционираат во периодот којшто следи. Не можат поинаку да мобилизираат луѓе затоа што од голтари влегоа во политиката милионери излегуваат, од команданти излегуваат милионери. Тоа е суштината. Тоа е суштината овие 20 години што тие така правеа, а ќе повторам бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка, одговори Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top