Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со министерот за трговија на Турција, Омер Болат.
-Разговаравме за конкретни инфраструктурни проекти како и за искористување на можностите кои се на располагање во сферата на економијата.
Ги потврдивме одличните политички односи со пријателска Турција, но и потенциравме дека на економски план може да се направи многу повеќе за развој и просперитет на државите и нашите граѓани, информира Мицкоски.