И по кој знае кој пат, видовме дека само небото е граница за лицемерието на СДС, во опозиција! Не може ден да помине, без СДС да ја покаже својата дволичност и конфузност во ставовите и однесувањето, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
-Со ваквото биполарно и несфатливо однесување, денес СДС успеа да го оцрни и исполитизира дури и 8-ми март, „Денот на жената“. Тие избраа политиканство и бојкот наместо одбележување и присуство на свечената седница која што се одржa денес во Собранието по повод 8-ми Март. Очигледно, политиканството и лицемерието на СДС не се ништо ново, туку само континуитет од кој што никогаш не се откажале, вели тој.