Македонија локални избори 2025

Мицевски: Ќе реализираме проекти, ќе обезбедиме подобар живот во општина Сопиште (ВИДЕО)

Со почетокот на изборната кампања, кандидатот за градоначалник на општина Сопиште од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, преку објава на Фејсбук им се обрати на граѓаните со порака дека е време за нова енергија и визија.

-Јас сум лик кој дава свежина и нова визија поткрепена на досегашните темели за развој на општина Сопиште. Ќе реализираме проекти, ќе обезбедиме подобар живот, а вие сте тие кои треба да го направите вистинскиот избор, порача Мицевски.

Тој додаде дека изборот кој ќе го направат граѓаните ќе биде одлучувачки за иднината на Сопиште:

„Тој избор сум јас, јас сум твојот човек – за твоето место, за твојата иднина. Број 9!“.

To top