Македонија

Мицевски: Двете лица и политичката акробација на ДУИ!

Мицевски: Двете лица и политичката акробација на ДУИ!

ДУИ на власт: Јули, 2023 година, владата на ДУИ и СДС дава ЗЕЛЕНО СВЕТЛО и го усвојува АКЦИСКИОТ ПЛАН како дел од Стратегијата за реформа на јавната администрација, во која што на 47-та страна, се наведува и се потврдува нивниот став дека, цитирам „СЕ НАДМИНУВА ПОТРЕБАТА ОД ПРИМЕНА НА АЛАТКАТА НАРЕЧЕНА ‘БАЛАНСЕР’ КОЈА ВО ПРАКСА ПРЕДИЗВИКУВА БРОЈНИ ЗЛОУПОТРЕБИ“.

ДУИ во опозиција: Свикува вонредна прес конференција и вели „Ја осудуваме ШОКАНТНАТА одлука на Уставен суд за укинување на т.н. Балансер. Тоа е директен напад врз правата на заедниците во Македонија и ќе има сериозни последици за правично и еднакво функционирање на институциите. Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира и да ги заштити правата загарантирани со Устав“.

-Оттука, јас би сакал да знам,

Што се смени во ДУИ за да има вака дијаметрално спротивен став за т.н. балансер во период од само една година?
Зошто баш сега, а не лани, ДУИ е „шокиран“ од оваа одлука?
И, зошто ДУИ од позиција на тогашна власт, молчеше и не организираше никакви вечерни и вонредни прес конференции на оваа тема?
Одговорот е едноставен и краток: БИДЕЈЌИ ПО ЦЕЛИ 20 ГОДИНИ, ДУИ Е ВО ОПОЗИЦИЈА!
Затоа, на крајот би сакал да упатам една искрена порака до политичката партија ДУИ,
Прочитани сте! Доста е од популизам и политиканство, доста е од лицемерие и дволичност, доста е од креирање на меѓуетнички тензии. Прифатете ја реалноста, бидете самокритични, реформирајте се и покажете дека навистина сакате Македонија да биде просперитетна и силна држава, пишува координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Најнови вести од Македонија

To top