Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Мицевски: ДУИ тешко се соочува со реалноста

Тој ги прашува ДУИ: „Каде бевте до мај оваа година?“

Мицевски: ДУИ тешко се соочува со реалноста

Изминативе денови ги гледаме претставниците на ДУИ како имаат проблем да го најдат својот наратив.
Последно од Мала Речица е предлози за економските ресори. Проблемот е што ДУИ 20 години беше на власт и најчесто водеше еден од економските ресори на кои денес им сугерира што да работат, оценува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој ги прашува ДУИ: „Каде бевте до мај оваа година?“

-Економската состојба и буџетот ги наследивме опустошени, огромни долгови на институциите, непланирани зголемувања на плати, непредвидени исплати на редовни плати, неисплатени субвенции, огромни долгови како резултат на криминалот во енергетскиот сектор и голем број на други наталожени обврски од минатото, вели Мицевски.

Тој порача дека следува период на консолидација.

-Реализираме 100 милиони евра за општините и дополнителни 250 се очекуваат во следната година. За пензионерите зголемување од 2500 денари и дополнителни 2500 денари повисока пензија од март 2025та година. За брзо ќе обезбедиме поволни кредитни линии за бизнисот од 250 милиони евра што ќе донесе нови високоплатени работни места, посочи тој.

To top