Македонија

Мерки за претпазливост за Незири и уште три лица за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, Владата најави разрешување на првите луѓе на М-НАВ

Мерки за претпазливост за Незири и уште три лица за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, Владата најави разрешување на првите луѓе на М-НАВ

Мерки за претплазливост им определи судија на претходна постапка од Кривичниот суд на четири лица меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Тие заедно со уште четири други лица, по кои се трага, во четвртокот упаднале во канцелариите на М-НАВ каде настанал инцидент. Поради случувањата во М-НАВ, Владата за седницата во вторник на 9 јануари најави разрешување на раководството на претријатието, а исто така се најавени и вонредни контроли за работењето.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, синоќа соопшти дека постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против четири лица кои биле спроведни во судот, а осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ, по произнесување на обвинителот и осомничените во однос на предлогот, донесе решенија со кои на сите четири лица им се опредлуваат мерки за претпазливост.

Согласно член 146 ст.1 од ЗКП на осомничените им се определува забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација, се посочува во соопштението од Судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд.

Основното јавно обвинителство Скопје, претходно соопштои дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот.

– Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз постапката или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за четворица осомничени кои се лишени од слобода, додека по останатите четворица се трага. Предлогот не беше прифатен, и на четворицата осомничени им беше определена мерка претпазливост.

МВР, претходно, соопшти дека во четвртокот во 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир, односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). МВР подоцна вечерта информираше дека со четири инволвирани лица во нападот врз вработени во М-НАВ се вршат службени разговори и оти во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Исто така и дека се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица и оти наредниот период МВР континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ.

Нападот се случи по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, на која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација (М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција и однесувањето на менаџментот.

Претседателот на ССКЛ Тасевски, пак, вчера, најави дека Контролата на летање ќе стапи во генерален штајк на 10 јануари доколку директорите во М-НАВ не си поднесат оставки или пак Владата не ги разреши, како што најави.

Владата во четвртокот соопшти дека на седницата во вторник на 9 јануари, ќе донесе одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење.

На иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки – целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени; да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, стои во соопштението.

Ќе бидат повикани Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио-сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчера изјави дека авиосообраќајот во земјава е безбеден, а предлогот за разрешување на раководството и Управниот одбор на М-НАВ е за да се испрати пораката дека компромис со безбедноста на авиосообраќајот – нема и не смее да има.

– Предлогот за разрешување е бидејќи сакаме да ја испратиме пораката дека компромис со безбедноста на патниците и безбедноста на македонското небо нема да има и не смее да има. Истовремено, ги повикуваме и политичките партии и политичките движења во државата да не ги користат и да не ги злоупотребуваат ниту вработувањата ниту вработените во оваа институција за остварување на своја лична агенда. Она што е најважно за граѓаните и за јавноста е дека авиосообраќајот во Република Сеерна Македонија е безбеден и се одвива согласно правилата на „Еуроконтрол“, изјави Петровска.

Таа смета дека раководството на М-НАВ потфрлило во целта да се воспостави работен ред и дисциплина во институцијата.

Случувањата во М-НАВ особено невозможноста да се воспостави работен ред и дисциплина во институцијата, како и немањето на соодветен дијалог помеѓу работодавците и Синдикатот, очигледно дека предизвикаа бранувања и во јавноста, но и во институциите. Претседателот на Владата, во консултација со мене како министер за одбрана и министерот за транспорт и врски, донесе одлука дека на следната седница, т.е. седницата во вторник на Владата ќе предложи разрешување на директорите и управниот одбор на М-НАВ, рече Петровска.

Претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди на прес-конференција изјави дека за вчерашниот инцидент со упад во М-НАВ и напад на вработени е закажан Комитет за безбедност во компанијата и оти во интерес на истрагата нема да коментира дополнително.

Нема да даде оставка затоа што како што рече зад него стојат многу позитивни резултати и оти Владата веќе најавила разрешување на раководството, а случувањата ги оквалификува како „немил настан“ и „конфликт помеѓу двајца колеги“.

-Ние сме луѓе, менаџери, раководиме согласно сертифицирани процедури и во делот на обезбедување согласно меѓународни карактери и препораки има две рампи за влегување, има трета, четврта, во тој дел не можам да навлегувам понатака. Се случил еден немил настан и тоа не смеело да се случи, но се работи за конфликт помеѓу двајца колеги кои се знаат 20 години и заедно биле на школување, рече Хамиди, прашан како е дозволен упад во институцијата.

Прашан дали побарал одговорност поради случувањата Хамиди порача да се остави да си тече истрагата.

-Поради фактот дека веќе органите што се повисоко од нас се занимаваат со таа работа, во интерес на истрагата, има камери, значи има многу работи што се внатре, нека си тече истрагата. Во интерес на истрагата не сакам да навлегувам понатака. Имаме закажан Комитет за безбдност во нашата компанија, рече Хамиди.

Тој вели дека апсолутно гарантира за безбедноста на македонското небо во време на конфликтот. -Се работи за некој личен… Има кошкања во секоја организација. Лицата се вработени во М-НАВ во тоа што се случило. И тоа не е во делот трет, четврт, колку што мене ми е познато. Има камери, ќе се утврди, наведе Хамиди.

Според него, претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски со обвинувањата за работата на раководството и оспорувањето на огласот за вработување постапува од негови лични мотиви и интереси.

-Не не остава да си ја вршиме работата, репутацијата на компанијата е доведена во прашање поради лажни клевети. За жал, имаме лукративни и лични интереси и нека му е на чест. Тој кажува за непотизам и за партиски вработувања само заради дефокусирање на јавноста. Тој е непотизам самиот, неговиот татко беше началник, тогаш беше примен и тој, истовремено и брат му работи како контролор, рече Хамиди.

Тие што ги исполниле условите на конкурсот за кој реагираше Синдикатот, според Хамиди, се примени, а некои заради неуреден статус не се. Отворени се, како што рече, за сите можни критики од институциите, Антикоруциската, Финансиската полиција…

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев, по инцидентот во М-НАВ со упад во институцијата на напад на вработени, за МИА изјави дека не постои никакво нарушување или загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а исто така не постои никаков пријавен настан, инцидент или сериозен инцидент во врска со одвивањето на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Во Контролата на летање, истакнува Тунтев, работат искусни и стручни професионалци, што многу добро си ги знаат своите обврски и должности за одржување безбедно небо.

-Во врска со вчерашните случувања, инспекторите од АЦВ, во рамки на своите овластувања извршија вонреден инспекциски надзор и од областа на безбедноста и од областа на обезбедувањето на воздушниот сообраќај. Целта на ваквиот надзор е да се дојде до неопходни сознанија за евентуални недостатоци во системите за безбедност и обезбедување, кои би можеле да имаат евентуални последици врз сообраќајот и таквите последици да се отстранат, вели Тунтев и најавува дека по завршување на надзорот ќе бидат преземени сите неопходни корективни мерки и утврдена евентуална конкретна одговорност.

За настаните во М – НАВ вчера имаше повеќе реакции.

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во која наведува дека датумот на основањето на македонската рево

Претседателот Стево Пендаровски одлучно го осуди насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа инстутиција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории, соопшти Кабинетот на претседателот на државата. Истовремено, Пендаровски ја поддржува иницијативата на Владата со која е најавена целосна смена на сите раководни структури во М-НАВ кои се директно одговорни за настанатата состојба во институцијата, а чија работа, како што наведува, „е од суштинско значење за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај“. Пендаровски нагласува дека „ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите“.

Демократската унија за интеграција смета дека секое јавно појавување на фракцијата ДПА на Мендух Тачи, ЛР ДПА и нејзините експоненти, го обелоденува нивниот страв до коска од директно соочува

Реакција испратија и од партијата на Бекир Незири – ДУИ. Партијата соопшти дека инцидентот, кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ.

-Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика, се вели во соопштението од ДУИ и се додава дека истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот.

Реагираа и настанот го осудија опозициската ВМРО-ДПМНЕ и други политички партии, а социјалните медиуми се преполни со негодувања од граѓаните.

Најнови вести од Македонија

To top