Во моментов забележливо е големо присуство на полициски сили во скопските општини Чаир и Арачиново, но и во други делови на Скопје.
Во последните два часа во повеќе делови на Скопје и на Македонија се спроведува координирана акција на единици на МВР, чија цел се членови на насилни криминални групи.
Единиците на МВР се подготвени за бурна ноќ, бидејќи акцијата ќе се прошири и во други градови.
Повеќе детали МВР ќе соопшти во текот на утрешниот ден, понеделник.