Македонија идната недела треба да ја добијат

Меџити: Онколошките пациенти да бидат мирни, ќе има биолошка терапија

Меџити: Онколошките пациенти да бидат мирни, ќе има биолошка терапија

Онколошките пациенти да бидат мирни, ќе има биолошка терапија, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има биолошка терапија за онколошките пациенти, кои треба да ја добијат идната недела.

Министерот Меџити, кој присуствуваше на промовирање на нов апарат во Општата болница „8 Септември“, беше прашан и дали следен чекор ќе биде да се унапреди статусот на болницата.

– Апсолутно се што е потребно за да функционира како што заслужуваат пациентите и граѓаните, тоа што ќе биде императив и што ќе имаме основа за таква постапка, ние одма ќе постапиме. Јас како министер и мојот кабинет, тука сме за целосна поддршка и за болницата „8 Септември“, нагласи министерот за здравство.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, на новинарско прашање кога ќе почне да работи екцелераторот и од кога ќе се почне да се третираат таму онколошките пациенти, кажа дека е во процедура вработување на нов физичар, како и дека апаратот е поставен.

– Во процедура е вработувањето на новиот физичар, апаратот е поставен, ги имаме сите потребни додатни материјали и тоа што е потребно за да почне со работа овој акцелератор. Секако, ќе имаме помош и од некоја странска болница. Се надевам за брзо време и ќе можеме да почнеме со првите пациенти коишто ќе бидат за радиозрачење. Што се однесува до дневната болница за онколошките пациенти, веќе имавме две средби со менаџментот на Клиниката за онкологија и веќе утврдивме кои лекови ќе се даваат кај нас, рече тој.

Дневните болници, појасни директорот, се три амбуланти што ќе работат во прва смена, а од Клиниката за онкологија ќе бидат испраќани пациенти кои ќе бидат третирани во „8 Септември“.

– Ние овде имаме двајца доктори онколози кои ќе се грижат за тие пациенти. Се надевам дека тоа ќе биде по Нова година, за брзо време ќе почнеме, нагласи Костов.

Најнови вести од Македонија

To top