Македонија ПРАВНА ПОМОШ

ВМРО-ДПМНЕ: Медицински сестри се соочуваат со невреднување на трудот, притисоци и низа неправилности

Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ обезбедува правна помош/совети/консултации со цел да се заштити интегритетот на оваа професија, преку нивни правни тимови.

ВМРО-ДПМНЕ: Медицински сестри се соочуваат со невреднување на трудот, притисоци и низа неправилности

По информациите од Клиниките за онкологија и нефрологија, до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат конкретни забелешки за невреднување на трудот и притисоци и низа неправилности со кои се соочуваат и медицинските сестри на Детската клиника и Здравствен дом Скопје.

-Менаџерите на сите овие установи и надлежното Министерство за здаравство со мал прст не мрднаа да решат барем мал дел од проблемите, но наместо конкретни чекори за унапредување на нивниот статус вршат притисоци и мобинг врз овој кадар кој долги години инвестирал во својата надградба. Неисплата по соодветен коефициент, непризнавање на високото образование, принудени се да работат и како болничари, и како администратори се само помал дел од легитимните барања на медицинските сестри, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ обезбедува правна помош/совети/консултации со цел да се заштити интегритетот на оваа професија, преку нивни правни тимови.

-Заинтересираните може да не контактираат на [email protected] со загарантирана анонимност. Внимателно ги следиме сите информации за системските нерегуларности кои пристигнуваат до Комисијата за здравство, со посебен фокус на предизвиците на медицинските сестри, но и сите здравствени работници за притисоци и неправилности од повеќе Клиники и со внимание ги следиме сите аспекти поврзани со кршење на законското право на вработените. Важно е и заедно со медицинските сестри ќе го унапредиме нивниот статус и ќе го вратиме достоинството и интегритетот на медицинската сестра, велат од Комисијата.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top