Македонија отежнат животот на скопјани

Марковска Илиевска: 10 милиони евра за булеварот „Хасан Приштина“ се заглавени во лавиринтот на неспособната Арсовска

Марковска Илиевска: 10 милиони евра за булеварот „Хасан Приштина“ се заглавени во лавиринтот на неспособната Арсовска

Градоначалничката Данела Аросовска ја ситни последната година од мандатот, а скопјани не можат да видат ниту еден реализиран проект, освен натрупани проблеми, изјави на денешната прес-конференција советничката во Град Скопје, Анета Марковска Илиевска.

Таа истакна дека на лавиринтите на Арсовска се заглавени пари на народот, а таа не ги користи да им го олесни живеењето на главниот град.

-Еден од тие проекти е и изградбата на булеварот Хасан Приштина. Станува збор за капитален проект на кој на сметка на Градот се легнати 10 милиони евра.  Булеварот Хасан Приштина или како што е oпшто познат Качанички пат, во Визбегово до скопската обиколница е од огромна важност со цел растеретување на сообраќајот во овој дел на градот. Според проекциите, во моментот кога за овој булевар се одвоени народни пари, истиот требаше да биде готов до февруари годинава. Наместо да биде готов, годинава булеварот не е ни почнат. Мозокот на неспособната Арсовска очигледно не работи во насока како да ги заврши проектите во корист на граѓаните, вели Марковска Илиевска.

Советничката вели дека очигледно на Арсовска и се важни само личните калкулации или според информации во јавноста парите наместо за булевар се вртеле за други намени, за истиот се правеа тендери за избор на фирми кои ќе го градат, иако има институции што се занимаваат со тоа.

-Додека Арсовска не ги користи парите кои ги има на сметка за да го подобри живеењето на граѓаните, Владата додели средства за 270 проекти за сите општини во Македонија во вредност од нешто повеќе од 4 милијарди денари што е само прв бран на инвестиции во општините. На неспособната Арсовска и се гледа крајот на владеење со Скопје, ама затоа стартуваше промена на секоја педа на државава во корист на народот, вели таа.

Најнови вести од Македонија

To top