Македонија Град Скопје

Mанифестацијата „Украсуваме по скопски“- пријавување до 23 декември

Да го украсиме Скопје, секој дом, секоја тераса, секое срце. Да ја донесеме празничната магија во секој дом!, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Mанифестацијата „Украсуваме по скопски“- пријавување до 23 декември

Во пресрет на новогодишните и божикните празници, Град Скопје ја организира манифестацијата „Украсуваме по скопски“ со цел да ги поттикне граѓаните да ги украсат своите домови и да придонесат кон создавање празнична атмосфера низ главниот град.

Како што информираат градските власти, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат и да се натпреваруваат за најкреативно и највпечатливо новогодишно украсување може да се пријават на телефонскиот број: 3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот, до 23 декември 2025 година.

Фотографиите од украсените домови или дворови, заедно со податоците за сопственикот, контакт-телефон и адреса, може да се испраќаат и на e-адресата: [email protected] или по пошта, на адреса: бул. „Илинден“ бр. 82, со назнака за манифестацијата „Украсуваме по скопски“.

Град Скопје и годинава ќе ги избере најдобрите во следните категории: најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, најубаво новогодишно украсена тераса од стан и најубави раскази од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои ќе ги оценуваат и писмените творби на средношколците.

Град Скопје ќе обезбеди соодветни награди за најуспешните учесници во сите категории, а доделувањето на наградите ќе се одржи на крајот од декември 2025 година.

– Да го украсиме Скопје, секој дом, секоја тераса, секое срце. Да ја донесеме празничната магија во секој дом!, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

🎄 ,,УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ!“

Почитувани,

🎅 Новогодишните и Божиќните празници се најубавиот дел од годината, време кога…

Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Петок, 12 декември 2025

Најнови вести од Македонија

To top