Македонија цук

Македонија ќе добие помош од ОАЕ за модерна противпожарна опрема, Ангелов на средби во Дубаи

-Посебен акцент беше ставен на тренингот на пожарникарите, нивната противпожарна опрема и возила како и користењето на најсофистицирана опрема за следење, координација и справување со пожарите во Дубаи. Домаќините изразија подготвеност да помогнат на Македонија во опремување со модерна противпожарна опрема, информираат од ЦУК.

Македонија ќе добие помош од ОАЕ за модерна противпожарна опрема, Ангелов на средби во Дубаи

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов и претседателот на мрежата на македонските доброволни противпожарни друштва Кирил Михајлов, од 14 до 16 јануари 2025 година во Дубаи учествуваа на Глобалниот настан за подигнување на јавната свест, превенција, обуки и опрема за противпожарна заштита.

Посетата следува по поканата од генералниот директор за цивилна одбрана на Дубаи генерал Рашид Тани Рашид Ал Матрош и потполковник Др. Иса Ал Мутава главен офицер за вештачка интелигенција, раководител на глобалните индикатори за инциденти со пожари и директор на Одделот за мониторинг и инспекција во цивилната одбрана во Дубаи.

Ангелов и Михајлов остварија билатерални средби со домаќинот и со други високи претставници и учесници од владиниот и невладиниот сектор, а во рамките на програмата имаа можност да се запознаат со најновите достигнувања во опрема, и специфични вештини за противпожарна превенција и заштита со посета на Меѓународниот саем за противпожарна опрема, посета на Главниот команден и оперативен центар во Дубаи, Противпожарна станица како и посета на мобилна пловечка противпожарна станица со демонстрација на нејзината моќност како единствена во свет, пловечка противпожарна платформа.

ЦУК

-Посебен акцент беше ставен на тренингот на пожарникарите, нивната противпожарна опрема и возила како и користењето на најсофистицирана опрема за следење, координација и справување со пожарите во Дубаи. Домаќините изразија подготвеност да помогнат на Македонија во опремување со модерна противпожарна опрема, информираат од ЦУК.

ЦУК
ЦУК

Најнови вести од Македонија

To top