Македонија Не се дише!

Македонија е најзагадена држава во Европа, Скопје на 7-мо место по загаденост во светот

Тетово е градот кој е најзагаден попладнево во Македонија, но и во Европа

Македонија е најзагадена држава  во Европа, Скопје на 7-мо место по загаденост во светот

Во Македонија едвај се дише. Огромно е и многу штетно загадувањето на воздухот.

Ситуацијата од ден во ден се повеќе се влошува во речиси сите градови во земјава, но според информациите на Air Care, денес за прв пат годинава “го освоивме” првото место во Европа.

Скопје денеска е на седмо место на ранг-листата за загаденост на воздухот, според податоците на страницата која го објавува нивото на загаденост на воздухот во светските метрополи, Iqair.com.

Тетово е градот кој е најзагаден попладнево во Македонија, но и во Европа, додека на рангирањето во светски рамки е на 15 место по загаденост на воздухот.

Во Скопје најзагадено е во Чаир, но речиси сите општини се во црвена или виолетова (највисока) зона на опасност од загаденоста.

 

To top