Македонија карпошани желни за промени и вистински проекти

Лукровски: Ќе изградиме нова детска градинка и ќе ги реконструираме постоечките во Карпош

– Општината под мое водство нема да биде директор што издава наредби одозгора, туку партнер што слуша и дејствува, вели Лукровски.

Лукровски: Ќе изградиме нова детска градинка и ќе ги реконструираме постоечките во Карпош

Кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, вели дека вистинска општина не се гради од бетон, туку од луѓе.

– Образованието и грижата за децата не се трошок, туку највисока форма на инвестиција, порача Лукровски, најавувајќи нова централна градинка со капацитет од најмалку 200 деца и целосна реконструкција на сите постоечки градинки.

Тој најави и сензорни зони за деца со посебни потреби, отворени училници во училиштата во Тафталиџе, Карпош 3 и Козле, како и поставување на фотоволтаици на крововите за почист и поефикасен Карпош.

Со програмата „Едукација плус“, Лукровски ветува бесплатни курсеви по роботика, музика, програмирање и странски јазици за учениците од трето до деветто одделение.

– Сакам децата да остануваат во училиштата затоа што сакаат, не затоа што мораат, изјави тој, додавајќи дека ќе воспостави и Совет на родители за директна комуникација со општината.

– Општината под мое водство нема да биде директор што издава наредби, туку партнер што слуша и дејствува, порача Лукровски.

To top