Го прифатив предизвикот да бидам носител на листата во третата изборна единица зашто верувам во исправните политики на СДСМ. Ние знаеме да носиме храбри и осмислени одлуки, и тоа го покажавме. Работевме напорно и посветено за да стигнеме до преговори со Европската Унија, изјави Сања Лукаревска, носителка на ИЕ 3 и заменик претседателка на СДСМ.
-Никогаш не сме биле поблиску, затоа треба да продолжиме храбро и единствено, за да го направиме последниот чекор. Најтешкиот, не чека многу работа, но тоа не не плаши, затоа што сакаме и ветивме иднина за сите нас. Заедно со граѓаните поминавме три кризи. Со 9 пакети антикризни мерки не дозволивме никој да остане сам, никој не беше заборавен. И успеавме во исто време да ги зголемиме и платите и пензиите. СДСМ не се откажува, ќе го штити достоинството на пензионерите, порача таа.
-Тоа се наши родители, нашиот штит, нашата поддршка кога е најтешко, секогаш со нас и во добро и во лошо. Заслужиле и многу повеќе, рече Лукаревска.