Македонија кога крадецот вика „фатете го крадецот“

Лукаревска бара оваа Влада да го стори она што Владата на СДСМ не го стори СЕДУМ ГОДИНИ

Таа повторно заборави да соопшти дали нејзиниот сертификат за англиски е фалсификат и дали со него вршела функција со години, а не спомна ни кој и во чие време цените на производите се дигнаа до таа мера, ниту пак кога и со кого на власт се зголеми цената на струјата. 

Лукаревска бара оваа Влада да го стори она што Владата на СДСМ не го стори СЕДУМ ГОДИНИ

Довчерашната потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска, сега заменета со Фани Сорос која знаела саде два-тројца во партијата, по долга медиумска апстиненција конечно излезе од илегала и на граѓаните кои едвај ја дочекаа да ја видат им соопшти дека бара Владата на ВМРО-ДПМНЕ да го стори она што Владата на СДСМ не го стори цели седум години додека беа на власт. Подобро кажано, немаа ни абер за такво нешто. Народски кажано не им беше „ни на крај памет“…

„Наместо половични решенија, како што рече, бараат Владата и парламентарното мнозинство веднаш да ги прифатат предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ за струја и укинување на ДДВ за храна“, потенцира сега само пратеничката Лукаревска.

Таа повторно заборави да соопшти дали нејзиниот сертификат за англиски е фалсификат и дали со него вршела функција со години, а не спомна ни кој и во чие време цените на производите се дигнаа до таа мера, ниту пак кога и со кого на власт рапидно се зголеми цената на струјата.

Веста за фалс Кембриџ сертификатот датира од први ноември 2024-та, три и пол месеци потоа, нема абер дали е или не е фалсификат…

Најнови вести од Македонија

To top