Македонија измените на законот во собраниска процедура

Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала

Тој додаде дека имаат три до четири клучни точки кои го стопираат процесот, но се надева дека за брзо време истите ќе бидат откочени.

Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала

Неколку работни групи работат на случајот со Универзалната сала. Јас лично се заложив и најголем дел од времето го поминувам за откочување на тој процес. Во собраниска процедура се измени и дополнувања на постојниот Закон за култура и се надевам дека до крајот на месецот ќе се донесе, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Тој денеска за време на посетата на Македонскиот народен театар (МНТ), одговорајќи на новинарско прашање до каде е состојбата со Универзална сала, посочи дека се чека да поминат измените на Законот, кој предвидува Министерството за култура и туризам освен националните установи, да може да гради и локални установи или градски установи и со ова да се олесни постапката понатаму.

-Верувајте дека работиме. Неколку работни групи работат на случајот. Јас лично се заложив, најголем дел од моето време го поминувам за откочување на тој процес. Во собраниска процедура е и помина на претходната седница на Влада измена на Законот, се надевам дека на крајот на месецот и ќе помине тој закон во Собрание, рече Љутков.

Тој додаде дека имаат три до четири клучни точки кои го стопираат процесот, но се надева дека за брзо време истите ќе бидат откочени.

-Имаме уште три до четири клучни точки на коишто сме сопнати, но со тимот којшто го имаме и со којшто работиме се надевам дека за многу брзо време ќе ги откочиме. Верувајте, работиме многу експедитивно и многу брзо, но сепак тоа се некои административни процедури и задачи коишто ги даваме, а за кои треба да помине малку време додека да се пристапи до нив, рече министерот.

На прашање дали ќе се заврши постапката до локалните избори, тој одговори дека се надева, бидејќи веќе се распишани тендерите.

Најнови вести од Македонија

To top