Македонија среда (24.04.2024 година)

Лични документи можат да се подигнат и на денот на гласање за претседателски избори

Граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје, соопштија од МВР.

Лични документи можат да се подигнат и на денот на гласање за претседателски избори

„Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат во среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот“, соопштија од МВР.

-Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје, потенцираа во денешното соопштение.

To top