СДСМ, партијата која додека беше на власт ни донесе неаргументирана двојазичност на која се противеше и еминентната Венецијанска комисија, денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ не го спроведувале Законот за македонски јазик. За врв на хипокризијата, од партијата која заради опстојување на власт и коалициски игри со ДУИ и денеска пати Македонија, лиферуваат дека тие многу сториле за македонскиот јазик.
„На овој значаен ден, СДСМ ја повикува Владата веднаш да ги спроведе сите законски обврски од Законот за употреба на македонскиот јазик. Отворањето на Инспекторатот, вработувањето на лектори и обезбедувањето стипендии не се прашања на партија, туку прашања на национална должност.
Македонскиот јазик заслужува државна грижа, а не партиски заборав“, изјави проф. Маја Серафимовска Борозан од СДСМ.
Во фалбите за она што сториле за македонскиот јазик, од СДСМ заборавија да се пофалат дека се први кои го израмнија со албанскиот јазик. Не споменаа ниту дека СО ДВЕ РАЦЕ го прифатија Францускиот предлог и Договорот за пријателство со Бугарија, држава која има заштитни механизми во случај на наш влез во ЕУ токму за македонскиот јазик кој не го признава, чин кој го потврдија со Собраниската декларација, едногласно усвоена во софискиот парламент, чин кој не им помина во Европскиот Парламент, НО НЕ БЛАГОДАРЕНИЕ НА СДСМ…
Во долгиот прес на Борозан, таа ниту еднаш не кажа Македонија, уставно име кое го сменија пред 6 години и кое порано по 100 пати во реченица го верглаа со она на „С“, а сега го игнорираат и одбегнуваат на прес-конференциите, бегајќи од него како „ѓавол од темјан“, како што вели народот чиј јазик демек го брани партијата која ни донесе двојазичност за да може на мира да ја пљачкосува државата со ортаците од Мала Речица…