Македонија

Левица се распаѓа: Советничка во Гази Баба ја напушта партијата, дава поддршка за развојот на општината

Левица се распаѓа: Советничка во Гази Баба ја напушта партијата, дава поддршка за развојот на општината

На денешната редовна седница на Советот на општина Гази Баба, советничката Марија Ѓошевска која доаѓа од редовите на политичката партија Левица, изјави дека ја напушта партијата и ќе делува како независен советник кој ќе дава поддршка на развојот на општина Гази Баба.

-Досега во Советот на општина Гази Баба делував како советник на Левица, а од денес ќе делувам како независен советник. Секогаш ќе останам на страната на народот и ќе ги поддржувам проектите кои ќе бидат во корист на граѓаните. Ќе работам со ист ентузијазам како и досега, без притоа да трпам притисоци кои досега ги трпев за наводен отчет пред партијата, наместо пред граѓаните. Како советник должам отчет пред граѓаните, а не пред партијата, изјави Марија Ѓошевска на почетокот на денешната седница на Советот на општина Гази Баба.

To top