Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го усвои предлогот за назначување на Генерален секретар на ФФМ.
Леонид Јандреоски е назначен за прв оперативец во „Куќа на фудбалот“ со мандат од четири години.
Леонид Јандреоски (02.10.1997) е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ. Има завршено магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент. Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година. Стекнат сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК.
Работно искуство има во реномираната компанија А1 Македонија во делот на маркетинг комуникации, продолжувајќи го искуството во истата област од Универзал Медиа.