Македонија Чолакова-Дервишова:

Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Став на Лекарската комора е дека матичните доктори имаат право да реагираат за својата безбедност.

Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Лекарите не се чувствуваат безбедно зашто сите имаат пациенти кои се зависници, психички нестабилни, со анксиозноно депресивни состојби, биполарни растројства,…, оцени денеска претседателката на Здружението на приватни лекари, Лили Чолакова-Дервишова.

Таа потсети дека од 12 до 16 часот, приватните лекари нема да работат со пациенти, во знак на почит кон убиениот колега А. Т., матичен лекар од поликлиниката „Железара“ од Скопје.

Лекарите бараат услови за безбедно работење и, како што напомена Чолакова-Дервишова, построги казни за напад на здравствените работници.

-Матичните лекари денес нема да работат од 12 до 16 часот за да го подигнеме гласот, да разговараме за нови закони кои би значеле појака заштита на здравствениот кадар каде казните би биле поригорозни, сѐ со единствена цел, да се чувствува безбедно здравствениот персонал. Луѓето кои работат во примарното здравство се столбот на овој здравствен систем, тие лекуваат и спасуваат човечки животи. На ваков начин не треба нити еден пациент не треба да биде незадовелен. Ние не ја знаеме причината, но во кругот на здравствен дом е убиен докторот, така што очекуваме органите на прогонот да ни кажат што се случува, изјави Чолакова-Дервишова по потпишувањето на Декларацијата за промоција и поддршка на вакцинацијата во Лекраската комора.

Според неа, пациентите имаат разбирање и почит за целата ситуација, ги поддржуваат.

-Ова не е дека ние не работиме или не сакаме да работиме, но навистина, само да стои на закон дека сме службени лица, гледаме дека тоа не врши никаква функција. За секој здравствен работник од примарното, секундарното и терциерното здравство ваков чин не треба да се повтори, нагласи Чолакова-Дервишова.

Став на Лекарската комора е дека матичните доктори имаат право да реагираат за својата безбедност.

-Она што Лекарска комора успеа заедно со Министерство за правда, е да се направи измена на Кривичниот законик, каде напад на здравствен работник, не зборуваме само на доктор, туку на здравствен работник, е казнива и до пет години. Затворската казна е нешто што ќе го спречи пациентот да реагира со насилство. Има незадоволни пациенти секако, има и луѓе кои одат во банка па се незадоволни, но тоа не треба да значи дека треба агресивно да реагираме едни на други. Матичните доктори секако имаат право да изреагираат за својата безбедност. Не смее никој да се чувствува небезбедно кога оди на работа. Никој не може да работи спокојно ако му е страв наредниот пациент кој ќе влезе дека ќе го навредува, сешто може да доживее, воопшто не е пријатно. Апсолутно се боревме и се изборивме за измена во Законот, а матичните доктори ни се столб во здравството. Тие мора да бидат безбедни, истакнаа од Комората.

Телото на лекарот А. Т. беше пронајдено на 21 март, во неговиот автомобил, на паркинг пред зградата на поранешната клиника „Железара“ околу 23 часот од синот. На телото биле уочени видливи убодни рани од остар предмет. Обвинителството презема мерки за расчистувње на убиството.

To top