Пред извесно време кандидираа друг човек од друга политичка партија да биде премиер, со една единствена цел а тоа организирање на фер и демократски избори и видовте каков театар се случи во Собранието со разрешување на министрите. Од претседателот на владата беа прекршени повеќе членови меѓу кои и членот 6 од Законот за политички партии според кој секоја политичка партија може самостојно да ги избира политиките со кои ќе настапува и демократски да настапува. Сето тоа беше нарушено со цел да се спаси на она што тие го нарекуваат европски фронт. Се обидоа да воведат пракса губитник со губитник, вели Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.
Лефков му порача на Костовски дека со промена на личните документи, ги затвориле граѓаните како во конзерва, додавајќи дека тој треба да им се извини на граѓаните бидејќи бил еден од тие кои што гласале за сето ова.
-Мартин, вечерашното гостување во емисијата требаше да го започнеш со извинување затоа што ги затворивте граѓаните како конзерва. Како во конзерва ги затворивте па уште и кажувате европска иднина. Треба да им се извиниш на граѓаните бидејќи ти гласаше, му порача Лефков на Костовски.
Во однос на најавата за кандидатура за претседател на Али Ахмети, Лефков рече дека всушност Ахмети со тоа се подготвува за одење во политичка партија, а ДУИ во опозиција.
-Али Ахмети се подготвува за политичка пензија, неговата најава за кандидатура е само најава за одење на ДУИ во опозиција. На тој начин се подготвувате да одите во опозиција. И сето она кое што го прави ДУИ јас го нареков политика на инстинкти кога работите во матно се потпирате на инстинкти. Затоа се менува политиката од денес за утре. Гледате дека Али сака да се најави како тема и да контрира на најавата за кандидатура на Таравари, смета Лефков.