Секој криминал, корупција или индиции за криминал и за висока корупција крајната точка оди до Заев и до Филипче!, истакна денеска одговарајќи на новинарско прашање Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Истиот тој Филипче велеше дека нема златна виза, па испадна дека има, велеше дека не го знае газдата на фирмата на која беа запленети околу 30 тони дрога, па испадна кампања воделе заедно, велеше дека нема станови и удел во бизнисот на Заев, па имавме сведоштва на блиски луѓе на Заев кои велат дека ги виделе објектите, се сомневаме дека на крај ќе испадне дека сепак се знаеле. Секој криминал, корупција или индиции за криминал и за висока корупција крајната точка оди до Заев и до Филипче!, истакна Лефков.