Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на ЗНАМ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Мирослав Лабудовиќ во гостувањето во „НАТКАСТ“ на Курир не сакаше да ги коментира своите противкандидати, притоа осврнувајќи се на својата програма и визија, но без да направи исклучок дека од она што било ветено ништо не било реализирано, притоа потенцирајќи дека центарци не заоравиле што било ветувано.
-Не би коментирал за моите противкандидати, сите имаат свои квалитети, ниту па за актуелниот градооначалник не би коментирал бидејќи граѓаните на Центар го гледаат сето тоа што претходно било ветено и не е исполнето и сега повторно се ветуваат истите работи како да сме заборавиле претходно што е ветено, меѓутоа не би сакал да коментирам, рече Лабудовиќ.
Со центарци ја делиме истата визија и граѓаните се желни за промени, вели Лабудовиќ.
-Во однос на себе, целото искуство што го имам стекнато низ годините, тимот кој што е заедно со мене, со кој што ја гледаме таа визија за тоа каков Центар треба да биде и кога разговараме со центарци истата визија ја делиме. Програмата која ја имаме конципирано, реална, центарска, урбана програма кај што се осврнуваме и на безбедност, и на хигиена, и најповеќе за млади бидејќи младите ни се приоритет во нашата визија, затоа што од кај нив доаѓаат тие сегашни прогресивни идеи и ќе бидат влучени комплетно во процесот на раководење на општината, потенцираше кандидатот за Центар на Коалицијата „Твоја Македонија“ во интервјуто со Љупчо Цветановски.
Центарци се желни за промена и коментарот, дека на нас ни треба чиста и безбедна општина, затоа што не гледаат ниту чиста, ниту безбедна општина, ниту пак гледаат општина во која владее ред, вели Лабудовиќ.
Центар е подготвен за промени, имаме одличен прием од страна на граѓаните а тоа ни дава голем мотив и кураж, вели Лабудовиќ.
-Имам многу убави разговори со граѓаните, на секој треба да му се укаже прилика да го каже своето мислење, имаме трпение како тим, со сите разговараме. Многу ми е драго што се пречекани со насмевка, тоа ни дава многу голем мотив и кураж и ветерот во грб е многу важен во овој не толку долг процес, меѓутоа процес каде што треба секоја куќа да се посети, а не се малку, секоја рака треба да се поздрави, со секого да се направи муабет, тоа се многу енергии и драго ми е што сета таа е позитивна енергија и ни дава сериозен ветер во грб, истакна кандидатот за градоначалник за оопштина Центар..
Лабудовиќ вели дека очекува победа затоа што според него расположението е такво и кај граѓаните, а тие сакаат промени.
-Според тоа што го следиме на терен, според тоа што го добиваме како фитбек очекувам победа и затоа сум влезен во оваа трка, првин да победам, а потоа да ги смениме работите што се случуваат во општината. Не би било да кажам дали тоа ќе биде на 19-ти или на 2-ри меѓутоа очекувам победа, бидејќи Центар е општина каде што буквално е интересна за следење од страна на јавноста заедно со уште една две општини, но на крајот очекувам победа, дециден е Лабудовиќ.
Целото гостување на Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на општина Центар погледнете го во продолжение.