Македонија на врвот на истрагата стојат луѓе назначени од претходната власт

Криминологот Ѓурчески за трагедијата во Кочани: Никој не може да зборува за селективна истрага, никој не е поштеден

Никој не може да зборува за селективна истрага барем во овој случај. Не може да зборува за селективност во истрага некој кој што бил должен да преземи изстражни дејствија за некаде 100-на мртви во двете автобуски несреќи и палењето на модуларната болница во Тетово, како и за другите трагедии, истакна во своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија поранешниот началник, криминолог и безбедносен експерт Љубомир Ѓурчески.

Криминологот Ѓурчески за трагедијата во Кочани: Никој не може да зборува за селективна истрага, никој не е поштеден

-Нема да се сложам, некој да го повикува на одговорност за истражни дејствија МВР. После 2013 година, МВР согласно ЗКП повеќе не ги води истрагите. Истрагата ја води Јавното обвинителство. Секој што сака одговорност заради некакви слабости во истрагата, треба да се обрати до државниот јавен обвинител, до обвинителот за Организиран криминал, изјави во своето гостување во емисијата со Љупчо Цветановски поранешниот началник Ѓурчески.

Постапката ја води обвинителството за организиран криминал и никој не е поштеден, ниту било во која државна институција, вели Ѓурчевски.

-Можеби истражните дејстија ќе бидат проширени, и се проширија. Уште можат да бидат проширени, но ние тоа како граѓани не го знаеме. Ние само можеме да претпоставуваме, односно да кажуваме свои видувања како луѓе кои што професионално сме работеле, па да зборуваме што презело МВР, дали тоа било доволно, дали недоволно, дали има одговорност кај она раководство што вториот ден после трагедијата во Кочани беше разрешено кое беше поставено од министерот Тошковски, а сите оние кои што учествувале или допринеле со своето работење или неработење да се издава некаква си фалсификувана лиценца до 2023, веќе во 2024 година имаме фалсификувана, значи давале позитивни мислења за објект кој што не ги исполнува законските услови. Тие се веќе во притвор, таа постапка ја води обвинителството за кривични дела од областа на организираниот криминал, незнам тука што не е јасно дека некој е поштеден. Не е никој поштеден ниту во полицијата ниту било во која државна институција и затоа зборуваме за системски пропусти, вели криминологот Ѓурчески.

Ѓурчески смета дека никој неможи да зборува за селективна истрага барем во овој случај, дециден е безбедносниот експерт.

-Никој не може да зборува за селективна истрага барем во овој случај. Не може да зборува за селективност во истрага некој кој што бил должен да преземе истражни дејствија за некаде 100-на мртви во двете автобуски несреќи и палењето на модуларната болница во Тетово, како и за другите трагедии, почувајќи од пајакот, од удрувањето на полицајката во пајакот и т.н, за селективност, кога ние сите сме сведоци на нивната селктивност и на нивната неказнивост која што нивна селективност и неказнивост доведе до распад на правниот систем генерално, за да ние денеска сите зборуваме за некаква си доверба од 2% или пониска од 2% во оние органи кои што треба да бидат коректор на се Судската власт, значи коректор на се, значи викам на се и на Извршната и на се, значи како викаме никој нема право да коментира конечна судска пресуда и сега не да е лицемерно тоа е испод секое човечко достоинство.

-Таа структура на луѓе, почнувајќи од Оливер Спасовски, од Филипче од Али Ахмети, од Артан Груби, Бујар Османи и т.н, значи се што е дојдено од нивните усти по однос на селективност не е човечки, не е достоинствено затоа што они се живиот пример на селективноста во водењето на истрагите и политизацијата на Обвинителството и судството со сите оние назначувања и именувања што ни се случија во овој период за да денеска ние не можеме да преземеме никаква реформа во судско-обвинителската власт затоа што се донесени многу лоши закони. Па сега, треба многу напор да се убеди Европа дека без тие реформи во судската власт, особено во Судскиот совет и во Јавно обинителскиот совет дека ние ќе можеме да постигнеме и на крајот на краиштата на врвот на оваа истрага за оваа трагедија што ни се случи во Кочани стојат луѓе назначени и именувани од нив. Било тоа да е Јавниот обвинител за водење истраги од областа на организираниеот криминал, Абази сторени од полициски службеници, било тоа да е Коцевски, државниот јавен обвинител кој што беа назначени од нив, појасни поранешниот началник Љубомир Ѓурчески.

Целата емисија погледнете ја на следниот линк:

Најнови вести од Македонија

To top