Македонија

Крешник Бектеши излезе од полициска станица, го носат на распит во Кочани

Воедно во Кочани се наоѓа и тимот обвинители, кои вршат увид во причините и одговорните за настанот.

Крешник Бектеши излезе од полициска станица, го носат на распит во Кочани

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши пред малку во полициско комбе излезе од полициската станица Карпош.

-Бектеши, кој од вчера беше на распит во Карпош, сега, како што дознаваме ќе биде транспортиран во Кочани, на распит кај судија на претходна постапка, пренесе Канал 5 телевизија.

Воедно во Кочани се наоѓа и тимот обвинители, кои вршат увид во причините и одговорните за настанот.

Крешник Бектеши е осомничен дека во неговиот мандат како министер за економија, ѝ била издадена лиценца на дискотеката „Пулс“ , иако немала никакви услови за тоа. Во неа загинаа 59 млади луѓе.

Најнови вести од Македонија

To top