„Факт е дека таа партија Нова Алтернатива е во коалиција со СДС. Ако имате од една страна ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните од другата страна ги имате СДС, ДУИ и малите партии како што е сега оваа, Левица и новоформирани партии кои имаат една единствена цел тоа е да кинат од македонското гласачко тело на ВМРО-ДПМНЕ, за да го намалат потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ да освои што е можно поголем број на пратеници и тие структури сите што се формирани од страна на СДС се поддржани од СДС имаат единствена цел да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ со тоа наштетувајќи му на ВМРО-ДПМНЕ мислејќи дека помагаат на СДС му помагаат директно на Али Ахмети и тоа треба да го знаат граѓаните дека секој што гласа за СДС или за овие помали партии гласот го дава директно за Али Ахмети“, истакна пратеникот и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во вчерашната емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.
Тој продолжи и додаде дека Али Ахмети е тој што ја командува Владата и државата, значи тој командува а СДС спроведува и на крај трпат граѓаните и државата.
„Ова е навистина последната шанса кога Македонија може да се ослободи од режимот на ДУИ кој ја има зафатено Македонија и да се даде последна шанса за просперитет на граѓаните кои мора да биде создаден преку воведување на ред и поредок во државава. Без владеење на правото и без ред и поредок во државава не може да имаме просперитет“, рече Ковачки.
Ковачки истакна дека ДУИ и СДС нанеле толкава штета што нанеле на Македонија и нејзините граѓани за нивниот просперитет и развој.
„Многу брзо од денеска граѓаните ќе имаат можност да им кажат доста беше на овие структури, а ние како политичари и идна власт во Република Македонија да се зафатиме со решавање на проблемите и барање на одговорност која досега за жал не ја видовме од страна на властодржците“, вели Ковачки.
Тој потенцираше дека секогаш кога ДУИ се обвинети за корупција и криминал велат тоа е ради албанофобија.
„Секогаш кога ќе ги обвиниме за корупција и криминал во кој се фатени ДУИ, во последно време и непотизам секогаш се повикуваат на албанофобија. Се обидуваат да се кријат позади големата албанска реторика, меѓутоа нивниот заштитен знак е корупцијата и криминалот.“, дециден е Ковачки.
Тој заклучи дека некоординираноста и несериозноста помеѓу премиерот и претседателот на државата е само уште еден доказ дека државата ја водат несериозни личности и личности кои не ја заслужуваат довербата на граѓаните.