Македонија Виница

Ковачки: Додека на СДС и ДУИ устите им беа полни со ЕУ и НАТО ги полнеа џебовите со украдени пари од својот народ – време е за промени и подобри времиња а предвесник за тоа ќе биде победата на Силјановска Давкова

„Таа ќе биде првиот предвесник на големите промени. Горда, чесна, Стручна и Достоинствена. Жена која ќе биде сето она што не беше Пендаровски! Професорка која е достојна за функцијата Претседател на Република Македонија“, рече Драган Ковачки.

Носителот на листата за третата изборна единица од коалицијата „Твоја Македонија“, Драган Ковачки говореше пред граѓаните на митингот во Виница. Тој порача дека време е за промени на оваа реалност во која тн европски фронт има полни усти за ЕУ и НАТО, а во исто време ги полнат џебовите со украдени пари.

– Устата им беше полна за ЕУ и НАТО, а џебовите полни од крадење од сопствениот народ. Поминаа години во кои една цигла не поставија, а се утепаа од крадење. Скоро да нема ништо капитално што можеме да кажеме, ете тоа и тоа го направија и алал да им е за тоа. Само негативности и порази. Сцените во кои насилници од европски фронт на ДУИ и СДСМ упаѓаат и тепаат во државна институција и влакно не им фали, сцените со редици на граѓани кои погазени и гневни со саати и денови чекаат пасоши, а овие од европскиот фронт делат пасоши на белосветски криминалци.

Тој потсети на погубните статистики со кои се соочува Македонија.

– Го зголемија јавниот долг, создадоа НОВ долг од 3,8 милијарди евра и заради СДС и ДУИ секое семејство должи за по 8.000 евра повеќе, Македонија е меѓу 10-те земји со најголема стапка на криминал во Европа! Македонија е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија! Mакедонија е земја со најниски плати и пензии во Европа ! Македонија тоне во корупција, а тоа го нотираат сите извештаи на меѓународните институции и претставници! Го урнисаа судството и денес има само 1% доверба од граѓаните!, потенцира во обраќањето пред граѓаните на општина Виница.

Ковачки посочи дека доаѓаат нови времиња и големи промени, а предвесникот на тоа е професорката Гордана Силјановска-Давкова.

„Тука во Виница со гордо исправена глава затоа што знаеме дека како во минатото, така и во иднината ќе донесеме подобри времиња за нашиот народ и земја. Она што не разликува од СДСМ е што ние ветуваме и исполнуваме ! Ние имаме ЛИЦЕ да се појавиме пред луѓето и да зборуваме за нови проекти и за нови дела, затоа што имаме резултати во минатото. Денес сме тука да и дадеме поддршка на професорката Гордана Силјановска-Давкова“!

„Таа ќе биде првиот предвесник на големите промени. Горда, чесна, Стручна и Достоинствена. Жена која ќе биде сето она што не беше Пендаровски! Професорка која е достојна за функцијата Претседател на Република Македонија“, рече Драган Ковачки.

Најнови вести од Македонија

To top