Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на телевизија Сител, порача дека низ годините СДСМ докажа дека е силна партија и стожер на демократијата во државата.
„СДСМ е стожерната партија на градењето на демократијата, на градењето на демократските процеси во државата. Благодарение на нас, на СДСМ, станавме земја членка на НАТО и земја која што ги отвори преговорите со ЕУ, претседававме со ОБСЕ една година и бевме домаќин на преговори помеѓу други две држави кои што имаат нерешени прашања помеѓу себе.“, рече Ковачевски.
Во интервјуто, Ковачевски порача дека СДСМ подава рака на сите прогресивни граѓани кои сакаат да ја видат земјата во ЕУ и дека тоа се гласачи кои традиционално гласаат за прогресивна СДСМ.