Македонија законски

Ковачевски: Не се крши законот со тоа што се предлага Џафери да биде технички премиер

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека е обврска на сите политички партии да учествуваат во влада која треба на техничко ниво да ги спроведе изборите, посочувајќи дека сите партии согласно законот треба да ги делегираат своите претставници во техничката влада која што ќе работи 100 дена.

Ковачевски: Не се крши законот со тоа што се предлага Џафери да биде технички премиер

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека е обврска на сите политички партии да учествуваат во влада која треба на техничко ниво да ги спроведе изборите, посочувајќи дека сите партии согласно законот треба да ги делегираат своите претставници во техничката влада која што ќе работи 100 дена.

-Техничката влада е законска обврска, исто како што е за мене законска обврска на 100 дена пред влада да поднесам оставка со што целата влада е практично во оставка. Обврска е на сите политички партии да учествуваат во влада која што треба на техничко ниво да ги спроведе изборите. Со тоа ќе имаме демократски процес на којшто нема да има ниту една дамка и сметам дека сите партии согласно законот треба да ги делегираат своите претставници во техничката влада која што работи 100 дена, нагласи Ковачевски одговарајки на новинарско прашање што доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ја бојкотира техничката Влада на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“.

На новинарско прашање дека се крши Законот за Влада со тоа што се предлага Талат Џафери за премиер на техничката Влада, а требало од СДСМ, премиерот Ковачевски потенцира дека не е прекршен никаков закон и посочи дека постапуваат според она што е предвидено со закон.

-Прво, не се крши законот, затоа што и денес и претходната влада е коалициска влада и ако го погледнете мандатот којшто го доделува претседателот на државата тој го доделува на коалиција која што има 61 најмалку пратеник во Собранието. Така се доделува мандатот, на оние кои што имаат 61 пратеник. И така се доделуваат мандатите, така што со тоа ништо не се крши. Се што е предвидено е предвидено во законот. Со закон нема импровизација. Претходното прашање беше владеење на право и почитување на закон. Не може едни закони да бараме да се почитуваат, а други закони да видиме што да правиме ако не се почитуваат. Законите постојат за да се почитуваат, рече Ковачевски.

Преодната или техничка влада за организирање на парламентарните избори на 8 мај 2024 година, треба да се гласа на 28 јануари. Засега е познато дека премиер на техничката влада ќе биде актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери.

To top