Македонија антоними: црно-бело, сдс - вмро-дпмне

АНАЛИЗА на РАЗЛИЧНОСТА: Прв отчет по ОСУМ ГОДИНИ = сите НЕ се исти, дефинитивно

Дефинитивно, не врви ни она патетичното КАКО ДО СЕГА. Она што го видовме минатата година и она што (за жал на Македонија и македонските граѓани) го сведочевме 7-те години кои претходеа, се две сосема две различни прикаски. ЦРНО И БЕЛО. Урнек за политички антоними. Инаку, тоа се зборови кои имаат спротиставено значење, т.н. противзначник, кои честопати стилски се користат за споредба или утврдување на нештата/работите. Значи: 

Голем-мал
Долго-кратко
Добар – лош
Убав-грд
Бел-црн
Паметен-глупав
Млад-стар
ВМРО-ДПМНЕ – СДС

АНАЛИЗА на РАЗЛИЧНОСТА: Прв отчет по ОСУМ ГОДИНИ = сите НЕ се исти, дефинитивно

Вчерашниот мега-отчет на премиерот Христијан Мицкоски, освен презентација на натчковечките напори и успеси на оваа Влада,  претставува одличен крај на една широко распространета манипулација и играрија на СДС, омилен и толку многу користен акт на релативизација соддржан во реченицата СИТЕ СЕ ИСТИ.

Оваа, илјадници пати употребена куса сентенца е неизоставен дел од бајатите медиумски продукти на кујната од Бихаќка, гастрономска шклопоција која од петни жили секогаш настојува својата и ултра-неспособноста на својата врхушка и политичка опција да ја затскрие со релативизацијата на сопственото не/дејствување, неинвентивност, неработливост и бескрајна мрзеливост преку нејзино префрлање и трансфер на овие „афинитети“ на политичката опција од спротивниот табор. Ѕвезди водилки во ес-де-ес наративот КАКО ДО СЕГА и СИТЕ СЕ ИСТИ. Со тоа, пропагандистички преку своите медиумски гавази минимизирајќи ја својата инфантилност и ултра-инфериорност. Наратив, кој го злоупотребуваат веќе три ипол децении. Небаре, „Добро де, ние сме тапа, ѓон и криминалци, не не’ бива за ништо, ама и тие не се ништо поарни…“ Арно ама, не било така.

Токму вчера, јавната презентација на едногодишниот труд на оваа влада, сублимиран во опсежното и обемно експозе за сработеното во САМО ЕДНА ГОДИНА, крајно обременета со МИНАТИОТ ТРУД и последиците од најнеспособната претходна влада на Димитар Ковачевски и бандата околу него, катализирана со злодејанијата на владата на неговиот ментор и девастатор на Македонија „премиерот“ и ајвароносец Зоран Заев, беше конечниот „тонч“ на безвезната и папагалски повторуваната фраза СИТЕ СЕ ИСТИ.

Прв ОТЧЕТ по цели ОСУМ ГОДИНИ.

Затоа што, отчетот на Таче и Црпко ќе го собереше во две реченици и ќе траеше 30 секунди за сработеното или, пак, реално ќе звучеше:

-Го променивме вековното и исконско име на Македонија, го променивме Уставот и го извадивме АСНОМ од преамбулата, донесовме неаргументирана двојазичност, затворивме 30 патриоти и ги прогласивме за терористи, прифативме Француски предлог кој е ултра-бугарски и ќе ги внесеме во Устав, је уништивме економијата, ќе ја бугаризираме историјата од средновековието па навака, антиката веќа ја погрчивме, го доуништивме здравството, пола Македонија ни се иссели, Заев се сликаше со црногорскиот принц, го утнавме знамето на Австрија, марката со која на Хрватска и честитавме претседавање со ЕУ да ти била Павелиќева фашистичка Хрватска, упс, генералните секретари фатени како крадат ко улави, во низа, магарињата на Димова избегаа, Катица бара подобра храна во затвор, Пендиков ни е лут, Стево му изрази љубов на Бојко, Заев пак тресеше глупости и зелени на само нему знаен јазик, Таче се уште се смее што е западнобугарски премиер, Бујар пак ја изрезили Македонија и така натаму, итн и др. Има уште многу злодејанија на списокот, не грижете се за тоа, ова би бил РЕЗИЛ-ОТЧЕТ во формат на „Војна и мир“ од Толстој,  иако обемниот „КЛЕТНИЦИ“ на Иго, многу подобро им прилега.  Така, нивниот отчет би траел вечно, со денови има што да се раскажува од црнилата и пародијата од власт која не срамеше со години.

Значи, НЕ се исти, ама никако.

Дефинитивно, не врви ни она патетичното КАКО ДО СЕГА. Она што го видовме минатата година и она што (за жал на Македонија и македонските граѓани) го сведочевме 7-те години кои претходеа, се две сосема две различни прикаски. ЦРНО И БЕЛО. Урнек за политички антоними. Инаку, тоа се зборови кои имаат спротиставено значење, т.н. противзначник, кои честопати стилски се користат за споредба или утврдување на нештата/работите. Значи:

  • Голем-мал
  • Долго-кратко
  • Добар – лош
  • Убав-грд
  • Бел-црн
  • Паметен-глупав
  • Млад-стар
  • ВМРО-ДПМНЕ – СДС

Токму затоа, фразите СИТЕ СЕ ИСТИ и КАКО ДО СЕГА може слободно да преминат во категоријата на АРХАИЗМИ. Со ова сигурно нема да се сложат Филипче и неговиот гуру и ментор Заев, но и тие се во групата на АТАВИЗМИ, АНАХРОНИ и индолентни политичари со удбашко миље кои очебијно не можат да го следат новото време и не успеваат да му парираат на надмоќниот противник, кој народски кажано ГИ МАЧКА НА ЛЕБ. Затоа, нивниот правец на дејствување е се’ повеќе јасен. Не, не е во ОПОЗИЦИЈА, тоа е премал и преблаг збор за нив. ВИСТИНСКИОТ збор за нивниот ретрограден пристап и дејствување е ИСТОРИЈА, правец кон кој неумоливо и забрефтано се движи целата оваа антимакедонска, неспособна и опортунистичка „направија“ на бившите комунисти, безработници, удбаши и ознаши.

Тратекторијата е добро трасирана и позната и неумоливо води кон буништето на историјата, со громогласна акламација поддржана од  граѓаните на оваа, заради нив, толку напатена земја и нација, која полека, но сигурно и не благодарение на нив почна да излегува од калта и тињата во која лукративната банда заради свои интереси и џебови не’ наваса и насанка, така Рациновски копајќи ни „црни гробови, заради туѓи бели дворови“.

Она, кога за една година имате сработено како некој ајван за единаесет, а имате уште три години од саде првиот мандат за реинкарнација и ревитализација на Македонија, старт кој започнал со итна реанимација на државата која бескрајно и неизмерно ја љубиш и нацијата за која што живееш.

Аирлија!

 

 

Најнови вести од Македонија

To top