Македонија

Ковачевски: На СДСМ денес му е зададен тежок удар, резултатите се разочарувачки!

Ковачевски: На СДСМ денес му е зададен тежок удар, резултатите се разочарувачки!

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски по огромниот пораз вечерва призна пораз велејќи дека Македонија имала фер избори.

„Ја честитам изборната победа на нашиот конкурент Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и честитам на Гордана Силјановска Давкова и се надевам дека чесно ќе ја извршува работата на патот кон евроатланскиот пат“, вели Ковачевски.

Тој по сето ова изјави дека денешниот резултат е разочарувачки и дека на СДСМ му е зададен тежок удар.

„Не сакам да обвинувам никого пред време и да донесувам заклучоци, никој не е без неодговорности“… рече тој.

Повикува на нови внатрешни избори почнувајќи од претседателот на партијата, па се до најниско ниво.

To top