Македонија

Ковачевски: Ќе нема ценовен шок со струјата ако се користи за основни потреби во домаќинствата

Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека ќе нема ценовен шок со струјата ако се користи за основните потреби во домаќинствата и оти ќе плаќаат повеќе оние кои имаат можност да ја користат за полуксузни намени.

Ковачевски: Ќе нема ценовен шок со струјата ако се користи за основни потреби во домаќинствата

Истакнувајќи дека цената на струјата во државата ја определува Регулаторната комисија за енергетика, Ковачевски посочи дека првиот и вториот тарифен блок опфаќаат до 98 проценти од домаќинствата во државава и за нив, како што рече, „ќе нема никаква промена на цената како што и немаше бидејќи ценовен шок не дозволивме за граѓаните“.

-Третиот и четвртиот блок се помал број домаќинства што имаат поголема потрошувачка на електрична енергија. Во четвртиот блок се домаќинства коишто согласно своите приходи, согласно своите можности загреваат поголеми простории, базени итн. Секој согласно своите можности тоа може да го прави, меѓутоа и ќе плати поскапа цена на електрична енергија бидејќи, да не заборавиме, ние ја субвенционираме до 90 проценти за да немаме ценовен шок, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на новата апаратура за генетика во МАНУ.

Евтината тарифа преку ден, според него, е направена врз основа на пресметка што ја определува просечната потрошувачка на електрична енергија во текот на 24 часа и врз основа на претпоставено зголемување на потрошувачката од 13 д 15 часот на нешто што се правело подоцна или порано.

-Голем број на домаќинства во државата имаат пензионери, меѓутоа имаат и лица кои се дома и имаат активности кои побаруваат поголема потрошувачка на електрична енергија како што е готвење, перење, пеглање итн. и ги извршуваат во тие два часа. Такви искуства сме имале и во минатото кога имало евтина тарифа, рече Ковачевски.

Според Ковачевски, нема промена во однос на одлуката за проектот Чебрен. Одлуката, појасни, е донесена од страна на Владата, спроведена од Секторот за законодавство и направена согласно со Законот за концесии и Законот за води.

– До овој момент јас во систем не сум видел промена на одлуката, наведе Ковачевски.

Најнови вести од Македонија

To top