Македонија одговорите да се бараат од Врховниот суд

Ковачевски: Јас сум на страната на ССМ, не коментирам судски одлуки

-Јас никогаш не коментирам судски одлуки, меѓутоа јас сум на страната на ССМ, рече Ковачевски.

Ковачевски: Јас сум на страната на ССМ, не коментирам судски одлуки

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече дека е на страната на Сојузот на синдикати на Македонија кој на вонредна прес-конференција побара одговорност од Врховниот суд доколку се точни информациите дека е донесена пресуда со која им се одзема работничкиот дом.

-Јас сум член на Синдикатот од 1999 година и сум 100-процентно на страната на ССМ. Да живее Синдикатот и да живеат работниците и работниот народ на Република Северна Македонија, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на почетокот на градба на логистичко-дистрибутивниот центар на ЛИДЛ во земјава.

За пресудата на Врховниот суд, Ковачевски упати одговорите да се бараат таму.

-Јас никогаш не коментирам судски одлуки, меѓутоа јас сум на страната на ССМ, рече Ковачевски.

На вонредна прес-конференција денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов соопшти дека според информациите со кои располагаат, Врховниот суд донел пресуда со која се одзема објектот на ССМ.

Трендафилов повика на одговорност и рече ќе побараат оставка од претседателот на Врховниот суд, како и од Советот на судии, доколку донел ваква одлука.

-Од 1992 година правени се разни обиди да се грабне, да се приграби овој објект како Работнички дом во интерес на некои елити. Тоа што го правеа со фабриките што ги градеа работниците сакаат да го направат и со Работничкиот дом и во низа години се правеле разни обиди, се воделе разни постапки со кои се сакало да се одземе имотот, меѓутоа аргументите биле пресилни. Средствата кои сме ги двоеле биле преголеми. Документите со кои сме располагале од одобрение за градба, од инвестициска програма, од договори за изградба, од обезбедени финансиски средства преку банка – синдикални пари, од целокупните произнесувања на сите органи – одобрение за употреба на оваа зграда и слично, се на име и на сметка на ССМ и на никој друг, рече Трендафилов.

To top